Picture


Историја на Пехчево
  
Во источниот дел на Р. Македонија ,заградена со Малешевските Планини од југ,Плачковица од запад и планината Влаина со врвот Кадиица, висок 1932м,од исток, лежи Малешевската висорамнина, на надморска височина помеѓу 750 и 1050 м.Нејзините природно-географски карактеристики и местоположба, условуваат континентално-планинска клима со суви и топли лета и долги и студени зими со обилни врнежи на снег и многу сончеви денови.На еден дел од оваа висорамнина, во близина на границата со Р. Бугарија, е лоцирано Пехчево со околу 3500 жители и шесте села: Негрево, Чифлик, Умлена, Робово, Панчарево и Црник, кои заедно ја сочинуваат Општина Пехчево со површина од околу 200 км и околу 6000 жители.Од овој број, според пописот од 1994г. Најголем број се Македонци 87%, Турци 6,3%, Роми 5,8%, Срби 0,2% и 0,2% останати националности.
Од најстаро време, благодарение на пространите високо-планински пасишта, основна дејност на населението од овој крај е сточарството, посебно одглeдувањето на стада со овци.Така се знае дека до почетокот на Првата балканска војна тука се одгледувале и до 200 000 грла овци.Главен административен и културен центар на општината е Пехчево.Тоа е мало градче, но со долго минато и богато со настани.Остатоци од стари градби, манастири, цркви, запуштени патишта и рударски окна во неговата непосредна околина, укажуваат на тоа дека на ова тло некогаш се одвивало организиран живот на стопански и културен план.Постанокот на Пехчево, според народните преданија и расположливите пишани документи, е поврзан со доаѓањето на турците на Балканскиот Полуостров.По долготрајни борби тие го освоиле и разрушиле градот Малешево, за кој се претпоставува дека се наоѓал во месноста Градиште, одалечено 5 до 6 километри југоисточно од Пехчево, каде и денес сеуште постојат остатоци од укрепен град.Населението од разурнатата крепост во периодот помеѓу 1383 и 1389г. побенало во разни правци, од кое еден дел се задржало по долината на Пехчевска Река во непосредна близина на рудничките ископини(плавилните пешти), според кои покасно новосоздадената населба го добила и своето име.
Многу извори говорат дека Пехчево, како централна населба на Малешевско-Пијанечката област, најголем економски и политички просперитет достигнува во втората половина на XIX и почетокот на XX век кога по Руско-Турската војна, голем број Турци и потурчени христијани бегаат и се населуваат во Пехчево и останатите населби.Во тоа време градот станува голем културен, трговски и административен центар на целата околина и крстосница на голем број градови, поради што, според преданијата, Турците го нарекле „Чучук Стамбол“ (Мал Стамбол).Градот имал развиен пазар и оформена градска чаршија што ја краселе голем број занаетчиски и трговски дуќани, девет анови, аптека како и други административни и културни зданија меѓу кои се истакнувале конакот, управната зграда(Уќуматот), затворот, турското школо-метресата, саат кулата,амамот, православната црква и неколкуте џамии.Во него доаѓале трговци од сите поголеми околни градови, па дури и од Солун, Одрин и Цариград.Како таков градот опстојувал се до 1904 година кога бил разрушен од силен земјотрес кој сеуште се смета за еден од најсилните во Европа.Оттогаш почнува неговата стагнација која продолжила во текот на балканските и двете светски војни, за потем, по ослободувањето во 1945 година да започне неговата повторна ревитализација.


 Климатски карактеристики   

Општината Пехчево која е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови.
Пехчево  има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 10,1°C , а во Пехчево 6,7°C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10°C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18°C.Просечната годишна минимална температура е 2,8°C,а просечната максимална температура е 15,3°C.
   Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м³. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м³, а секундарен во ноември -64,3 мм /м³. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м³, а секундарен  во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи. 
снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно.Во Пехчевската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Пехчевската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март.
Paragraph.