Пехчево е град во источниот дел на Република Македонија, административен центар на Општина Пехчево. Познат е по зимскиот туризам.

Историја
- Пехчево во времето на Отоманската империја бил централно подрачје на Источна Македонија, преку кој се вршела целокупната трговија. Имено, додека била Отоманската империја, Пехчево било нарекувано Касаба.

Географија
- Oколу 20% од територијата на општината Пехчево се обработливи површини, а останатиот дел се пасишта, шуми и необработливо земјиште.

Клима
- Климата во општината и градот е континентална, со умерено топли лета и долги студени зими. Просечната годишна температура е 9 °C, а просечната релативна влажност изнесува 72% со врнежи од 544,3 mm годишно.

Религија
- Во Пехчево мнозинството од населението е со православна христијанска веросисповест, а има и муслиманска вероисповест.

Туризам
- Археолошки локалитети

Буковиk, населба од доцноантичкото време.
Во реката, рудник од доцноантичкото време.
Градиште или Манастириште, градиште од римското време.
Манастир, старохристијанска црква.
Рудиште или Раковец, доцноантичка и средновековна рударска населба.
Селиште, населба од доцноантичкото време.

Култура
- Од областа на културата, се организираат разни манифестации како:

Распеано Малешевче - Фестивал на детски песни и ора
Кинопроекции
Народни ора - КУД ,,Јане Сандански,,