Спиковски водопади 

Picture
             














Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж'тачка Река и Спиковски Андак.

Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите. 
Сите водопади изобилуваат со „швајцарска“ планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Ж’тачка река


 


БРЕГАЛНИЧКИТЕ ВОДОПАДИ-ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Picture
         

Водопадите од изворите на Брегалница, скриени во срцето на Малешевијата, испливаа од анонимноста. Конечно, препознати од релевантни домашни и странски фактори, овој пехчевски дел од Малешевијата ќе ја надополнува приказната за алтернативниот туризам на источна Македонија која ќе се гради со поддршка на Регионален кластер за туризам формиран со поддршка на ГТЗ и Балканија. - Регионалниот кластер за туризам за Источниот регион, е со голем потенцијал, овде се 11 општини кои се многу силни, предусловите се создадени, а потоа со другите кластери ќе се формира националниот кластер за туризам, вели Владо Србиновски од Асоцијацијата „Балканија“ Решавање на старите инфраструкурни проблеми и бенефит од зелената економија, се најави на форумот за туризам во Пехчево. Експерти ќе работат на проекти со цел искористување на средствата од ЕУ. - Промовираме проект кој произлезе од Комисијата за туризам на ДОМ, а тоа е можност за повеќе илјадни вработувања во алтернативниот туризам и во зелената агенда, вели Насер Хот од Агенција за поддршка на туризмот. - Овој дел од Македонија ретко кој од Македонците го има посетено, треба да се посети ова , а пехчевци да научат од оваа убавина да си обезбедат егзистенција, вели Лилјана Поповска, пратеник. - Македонија има можност да искористи средства за рурален туризам од Европските фондови преку ИПАРД програмата. Јуни - јули ќе биде вториот конкурс, а септември - октомври третиот, можат да се прават проекти до 200 илјади евра, од кои 50 проценти од нив се враќаат како грант, Никола Христовиќ, консултант од Софија. Со истражувања започнува имплементацијата на овој голем проект. Се очекува вклучување на сите заинтересирани страни и Министерства, а ефектите се најавуваат за 4 години.